Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 112.940 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
1l7v opm.png

ABC транспортер — член на натсемејство на транспортни системи, која е една од најголемите и веројатно една од најстарите семејства со претставници во сите колена на живиот свет, од прокариоти па сѐ до човекот. ABC транспортерите често се изградени од повеќе подединици, од кои една или две се трансмембрански белковини и една или две се мембрански-асоцирани ATPази. ATPазните подединици ја користат енергијата од врзувањето и хидролизата на ATP за да ја покренат транслокацијата на различни супстрати низ мембраната, без разлика дали е за внес или изнес на супстратот.

Повеќето, но не сите, системи за внес имаат и екстрацитоплазматски рецептор кој го врзува супстратот. Некои хомологни ATPази учествуваат во процеси кои не се поврзани со транспорт, како што се на пример транслацијата на РНК и поправката на ДНК. ABC транспортерите се класифицираат во ABC натсемејството на белковини, врз основа на секвенцата и организацијата на нивните ATP-врзувачки касетни (ABC) домени, иако нивните интегрални мембрански домени еволуирале независно едни од други неколку пати во еволуционата историја на животот, што ги прави да припаѓаат на различни белковински семејства. Интегралните мембрански белковини на ABC експортерите (изнесувачите) еволуирале независно едни од други најмалку трипати во историјата на животот. Врз основа на нивните тродимензионални структури со висока резолуција, веројатно е дека интегралните мембрански белковини на ABC импортерите (внесувачите) еволуирале независно едни од други најмалку трипати. ABC импортерите во клетката внесуваат разни молекули, како што се: хранливи материи, биосинтетски прекурсори, витамини, метални јони; додека ABC експортерите изнесуваат од клетката стероли, липиди, ксенобиотици и голем број на примарни и секундарни метаболити. Високото ниво на експресија на гените кои кодираат некои од овие експортери и кај прокариотските и кај еукариотските организми (вклучувајќи го и човекот) резултира со развој на резистентност кон многу лекови, како што се антибиотици и антиканцерогени лекови. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Canberra (AU), Commonwealth Avenue Bridge -- 2019 -- 1811.jpg
Мостот на Авенијата на Комонвелтот во Канбера, Австралија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Поглед на Пешкопеја од патот за Добрава
На денешен ден…

Денес е 1 март 2021 г.

Настани:

1913  Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат.
1917  Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит
1992  Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ.
1994  Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997  Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).

Родени:

1810  Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист, наречен „поет на клавирот“.
1886  Оскар Кокошка — австриски сликар.
1899  Димитар Пандилов — прв македонски импресионистички сликар.
1904  Глен Милер — американски музичар, продуцент и композитор.
1921  Благоја Корубин — македонски јазичар.
1927  Хари Белафонте — американски глумец и пејач.
1929  Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка.
1933  Шпиро Губерина — хрватски глумец.
1944  Роџер Далтри — англиски рок-пејач, член на групата „Ху“.
1958  Ник Кершо — англиски поп-музичар.
1973  Крис Вебер — американски кошаркар.
1983  Станка Златева — бугарски борач.
1993  Хуан Бернат — шпански фудбалер.
1994  Џастин Бибер — канадски поп-пејач и глумец.

Починале:

1643  Џироламо Фрескобалдииталијански оргулист и композитор, најголем мајстор на органа во своето време.
1911  Јакоб Хенрик вант Хофхоландски хемичар, добитник на Нобеловата награда за хемија (1901).
1952  Грегори Ла Кава — американски филмски режисер.
1971  Франтишек Хрубин — чешки писател.
1980  Дикси Дин — англиски фудбалер.

Празници:

Летник — македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич